Македонија ќе набави современи возови

Bez autora
Jun 24 2014

Република Македонија по подолг период ќе го модернизира патничкиот железнички сообраќај, за што од кинеската корпорација CSR ќе набави четири дизел моторни гарнитури и две електромоторни гарнитури. Договорот, кој во вторникот во Скопје го потпишаа македонските власти и претставниците на кинеската корпорација, предвидува гарнитурите да пристигнат следното лето. Гарнитурите се со капацитет од 1.200 патници, целосно ќе бидат климатизирани, опремени со вакуум тоалети, енергетски ефикасни и ќе ги задоволуваат сите безбедносни стандарди, како и стандардите за превоз на лица со ограничена мобилност.

Македонија ќе набави современи возовиРепублика Македонија по подолг период ќе го модернизира патничкиот железнички сообраќај, за што од кинеската корпорација CSR ќе набави четири дизел моторни гарнитури и две електромоторни гарнитури.

Договорот, кој во вторникот во Скопје го потпишаа македонските власти и претставниците на кинеската корпорација, предвидува гарнитурите да пристигнат следното лето.

Гарнитурите се со капацитет од 1.200 патници, целосно ќе бидат климатизирани, опремени со вакуум тоалети, енергетски ефикасни и ќе ги задоволуваат сите безбедносни стандарди, како и стандардите за превоз на лица со ограничена мобилност.

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески истакна дека владата планира голем инвестициски циклус во Македонската железница со изградбата на пругата кон Бугарија, реконструкцијата на железницата во Скопје како и набавката на нови вагони.

„Во следните четири години планирани се инвестиции од 250 милиони евра за трансформација и реорганизација на македонскиот железнички сообраќај. За набавка на нови патнички вагони предвидени се 25 милиони евра, за товарни вагони 15 милиони евра и 10 милиони евра се за рехабилитација на веќе постоечки возови“, рече Ставрески

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески информираше дека со набавката на новите гарнитури, за што средствата се обезбедени преку  ЕБОР, се подигнува квалитетот на услугата која се нуди во патничкиот железнички сообраќај и се креираме една нова, поинаква слика за железницата во Македонија.

„Ова е долго очекувана набавка за МЖ Транспорт, имајќи го во предвид фактот дека последниот воз е набавен пред 35 години, верувам дека на овој начин ќе допринесеме максимално подобрување на ефикасноста и ефективноста на возниот парк на претпријатието“, рече Јанакиески.

Претставниците на кинеската компанија ветија дека навреме и во целост ќе го исполнат договорот.

„Досега нашата компанија има снабдено производи и сервиси за над 80 земји во светот. Во Македонија потпишуваме прв договор и мислам дека е многу важна иницијативата на македонската Влада да го подобри јавниот транспорт, рече претседателот на CSR корпорацијата Шу Цонгшијанг.

Во трка за да ја снабди Македонија со нови возови беше и швајцарската компанија Штадлер Буснанг АГ, но нејзината понуда беше повисока за околу половина милион евра.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik